Thursday, April 7, 2011

Блогот се откажува!

Бидејки од А1 нема да ја пуштат четвртата сезона на Ангели нема што многу да се прави на блогот. Блогот се откажува, а доколку сакате блогот сеуште да постои и да ги следите турнеите на Teen Angels одблиску проширете ја нашата fb страна. Ако до 10 Април страната не собере најмалку 150 лајкови тоа ќе значи дека без емитување на серијата и дискутирање за нејзините случувања блогот не е толку забавен и ќе биде откажан.

Thursday, March 31, 2011

Списание Casi Angeles (април)

Уште не стигнал Април, а изданието од списанитео Casi Angeles за месецот веќе излегол. Во овој број има постери и едно големо интервју со Лали и Питер кои се најдоа и на насловната страница. Има интервјуа со сите од бендот, тестови, а и нешто што мене многу ми се допаѓа артикл на повеќе од 10 страници наречен "Најдобрите моменти од Ангели". Можете да погледнете слики од епизодите, видео клиповите и концертите од сите сезони вклучувајќи и ја четвртата сезона која кај нас сеуште се нема емитувано. Има слики и од последната епизода, па доколку не сакате ништо да дознаете за четвртата сезона пред да се емитува на А1 (изгледа ќе чекаме до есен) ви препорачуваме да не ѓи гледате тие скенови. 
Погледнете ѓи во продолжение...

Tuesday, March 29, 2011

Нико Риера ќе се вклучи во "Bailando 2011"

На овој начин ќе биде блиску до Силвина Ескудеро која ќе танцува со својата сестра, Ванина. Нико Риера се приклучува на "Bailando 2011" за да учествува во натпреварот но ќе продолжи и со својот бенд. Утре тој ќе оди да направи некои слики за натпреварот, во кој сеуште не е потврдено кој се ќе учествува, а толку многу сакаат.

Извор: LaUbfal

Еухенија Суарез со цел да го заљуби Кабре


За помалку од две недели, Еухенија Суарез ќе биде во Пол-Ка да снима за серијата "Единствените". Засега, нејзиниот договор е да снима 3 месеци, а во серијата ќе влезе во улога да ја заљуби улогата на Николас Кабре. На почеток таа ќе се појави како обична девојка но потоа ќе се дознае дека и таа исто така има сокриена моќ.
Извор: LaUbfal

Monday, March 28, 2011

Нови официјални слики од Израел

На официјалната страна на Ангели не престануваат да објавуваат слики од настапите кои нашиот омилен бенд ги одржаа во Израел на 19ти и 20ти Март. Погледнете ѓи најновите во продолжение...