Епизоди

Одделот Епизоди го содржи најдоброто што овој блог може да ви го понуди.
Доколку сте пропуштиле некоја епизода од Ангели на А1 Телевизија или пак сакате да се потсетите на нешто, ова е вистинското место.
Како што ќе се емитуваат епизодите на А1 Телевизија така ние ќе ги ставаме тука.
Но тука не само што ќе можете да ги гледате епизодите, туку:
- Ќе можете и да ги пронајдете текстовите во "офф" од епизодите. Скоро во секоја епизода една или неколку личности во епизодата додека се одвиваат настаните раскажуваат. Тие се наречени наратори. Повеќето серии имаат по 1 наратор како на пример во "Вовед во анатомија" е Мередит, во "Очајни домаќинќи" е починатата пријателка на домаќинќите. Во овој случај со Ангели, секоја епизода има различен наратор. Текстовите кои ги говорат нараторите за секоја епизода ќе можете да ѓи пронајдете тука заедно со епизодите. Но да напоменеме дека не секоја епизода има текст во "офф", но повеќето имаат.
- Ќе можете и да пронајдете слики од секоја епизода кои ѓи вадиме од официјалната веб страна на Ангели.
- Ќе можете да пронајдете и некои одделни сцени од епизодите.
- Ќе можете исто така по секоја епизода да погледнете кратко видео во кое ќе дознаете дел од она што ќе се случува во следната епизода.

Тоа би било се што ви нудиме. Исто така не пропуштајте и да ѓи погледнете епизодите од "Bonus Track" во одделот за емисијата.
Благодариме и уживајте!


Епизода 1: Ѕидот (El Muro)