Monday, January 24, 2011

Нико Риера: "Еухе ја има нашата целосна поддршка"

На сабота 22ти Teen Angels ќе се претстават во Пунта дел Есте, но секако, ова нема да биде едно од нивните обични настапи: на сцената нема да биде Еухенија Суарез која пред неколку дена преку писмо кое го објави на својот twitter профил се збогување од бендот.

"Нас не извести по мејл пред да го објави писмото на twitter. Уште оттогаш и кажавме дека ја има нашата целосна подршка и и посакувам се најдобро во новите проекти" призна Николас Риера на Teleshow.com додека ја подготвуваше торбата за да патува во Есте. Како одговор на одлуката на својата екс-колешка тој даде "Мораме да продолжиме напред, се чувствувам како да почнуваме одново"
Прочитајте повеќе во продолжение...

"Многу сме возбудени за настапот во Пунта дел Есте ќе биде микс од најдобрите песни од овие 4 години од Ангели" објасни Нико Риера кој исто така го кажа своето мислење за Росио Игарзабал, која ќе ја замени Еухенија Суарез во бендот: "Ова е првиот настап на Рочи со нас како петторка. Таа е со нас веќе три години но сега е дел од нас петторица".
За сега, во 2011 нема да се гледаат Teen Angels на телевизија. Тоа му се допаѓа на актерот и пеачот Нико бидејќи ќе можат да работат мирно на новото CD, и ќе можат повеќе да се посветат на приватниот живот.
Иако некои фотографии веќе покажуваат дека меѓу Силвина Ескудеро и Нико Риера има нешто повеќе од едно пријателство, Нико рече "таа ми е добра другарка. Не сакам да зборувам на таа тема".

Новинар: Пабло Монтагна (teleshow.com)
Преведено од страна на macedoniaresiste.blogspot.com

No comments:

Post a Comment