Sunday, January 23, 2011

Teen Angels 2011

По крајот на снимањата на серијата, сите глумци од Ангели почнаа да планираат што ќе работат во новата 2011та година.
Од продукцијата CMG (Cris Morena Group) изјавија дека членовите на Teen Angels во 2011та година ќе се сконцентрираат на турнеја низ светот. Да се надеваме дека ќе дојдат и во Македонија.
Но, на турнеите низ светот Teen Angels нема да ги придружува Мариа Еухениа Суарез (Јазмин). Таа преку својот twitter преку писмо се збогуваше со фановите на Јазмин. Таа во 2011та година ќе ја продолжи својата кариера во друга насока. Писмото на Еухенија (преведено на македонски јазик од наша страна) можете да го прочитате тука.
Поради заминувањето на Еухенија од петочлената група Teen Angels групата се сведува на четири членови. Но пред некое време официјалната веб страна на Ангели изјави дека Росио Игарзабал "Рочи" (Вале) ќе им се придружи на Мариана Еспосито (Мар), Питер Ланзани (Тиаго), Гастон Далмау (Рама) и Николас Риера (Тачо) на турнеите кои ќе ѓи одржи Teen Angels 2011. Росио е новиот петти член на Teen Angels.
Очекувајте уште нови информации, слики и видеа од турнеите на Teen Angels 2011 низ светот.

Настапи:
Punta del Este (Uruguay)
- Israel

No comments:

Post a Comment