Monday, January 24, 2011

"Со Рочи во бендот, Teen Angels продолжува напред"

Гастон Далмау зборување со pronto.com.ar за враќањето на Teen Angels, турнеите, влегувањето на Рочи во бендот и за својата иднина во телевизијата.

Гастон Далмау откако првпат се појави на телевизиските екрани станува се повеќе успешен. Малку по малку успеа да се постави како актер и пеач, а својата улога Рама во Ангели му даде шанса да ја вкуси славата во Аргентина и странство.

Прочитајте повеќе во продолжение...

Возбуден ли си со враќањето на Teen Angels?

- По еден долг одмор, по многу работа, можам да ви кажам дека да, многу сум возбуден. Да одам по турнеи е нешто што најмногу уживам и најмногу сакам да правам. Настапите ќе бидат поинакви, ќе има и некои постари песни кои подолго време ѓи немаме пеено, ќе биде супер. Сега секојдневно вежбаме, бидејќи подолго време се немаме сретнато ниту пеено заедно.

Еухе Суарез се одјави преку писмо, што беше мотивот за нејзиното заминување?

- Со Еухе сеуште немам разговарана, па деталите не ги знам. Беше нејзина одлука и мораме да ја прифатиме. Ми се чини дека промените понекогап се за добро. Сега, Рочи ќе се приклучи на бендот. Да, нова е во Teen Angels, но таа секогаш на настапите на Ангели ја делеше сцената со нас, па затоа не е толку различно за нас. Но сепак, чудно е кога не е тука Еухе и ќе ни недостасува многу. Но бендот продолжува со Рочи во него...

Како ја гледаш Рочи во местото на Еухе?

- Се снаоѓа. Сепак, таа е трпелива. Јас секогаш знаев колку таа ужива да пее и танцува на сцената. Кога дознав дека Рочи ќе ни се придружува во бендот се израдував, бидејќи знам дека таа ќе даде 100 проценти на сцената.

Кога и каде е првиот настап?

- Првиот настап е на 22ти Јануари во Хотелот Конрад во Пунта дел Есте. Исто така се договараат некои датуми за настапи во Аргентина. Можно е да на 9ти Февруари да настапиме во Мар де Плата и планираме настапи за во Буенос Аирес, но сепак не се потврдени датумите. Потврдено е дека на 19ти Март ќе настапиме во Израел, каде веќе одамна не сме биле и можно е и да поминеме во Шпанија.

Да ѓи оставиме на страна Teen Angels, имаш некој проект во телевизија?

- За сега не. Оваа година сакам да биде посмирена и ќе ја насочам целата енергија кон бендот. Ќе продолжам да студирам пеење. Секако ако има некоја добра понуда ќе ја прифатам бидејќи после одморот сфатив колку ми недостигаат снимањата и глумењето. Но засега, нема ништо.

Знаеме дека Крис Морена ви даде шанса на тебе и на Лали да снимите солистичко CD. Кажи ни повеќе за тоа.

- Тоа го планирам. Веќе имам некои текстови на песни спремни. Скоро ќе биде.

Ако не беше актер или пеач, што ќе беше?

- Многу ми се допаѓа природата и да патувам. Така да, сигурно би бил нешто во врска со тоа. Со времето сфаќам колку работи ми се допаѓаат кои не ми се допаѓале порано како психологија, медицина итн.

И за крај, по барање на фановите, како е срцето на Гастон Далмау?

- Моето срце е заземено од страна на моето куче, Мина. Слободен сум, продолжувам слободен.

Гастон, Благодариме многу.

Новинар: Мајо Витале (pronto.com.ar)
Преведено од страна на macedoniaresiste.blogspot.com

No comments:

Post a Comment