
Како искрен шармер и слободен се покажува Нико Риера, еден од "децата на Крис Морена". Тој пред некој ден ја раскина својата врска со Силвина Ескудеро, и за се тоа зборуваше со Gente.
Сите го препознаваат, а тој оди напред со "Човекот живее за да подига девојки". Неговиот начин на зборување, на пеење, се тоа се карактеристики на децата на Крис Морена, но Нико Риера веќе врти нов лист во својот живот, со тоа што веќе се маж а не дете. Николас Риера (25) едно попладне дискутираше со Gente. Со актерски став зборува за соништата, освојувања и слава. Сепак, гледа кон иднината која го очекува, кон иднината во која тој верува и во која гледа секакви опции. И секако во која има жени, многу жени бидејќи се "најубавото нешто што постои". Со Силвина Ескудеро (27) со која пред некое време раскинаа, се запознаа на крајот на 2010, се допаѓаа, почнаа да се гледаат, и малку по малку милоста израсна во една врска. Но како што известија преку Twitter врската веќе ја нема: Силвина објави преку социјалната мрежа дека раскинале. На Gente, Нико им раскажа дека тоа била една убава врска, но не сериозна бидејки тоа не е она што тој го бара. И логично е: не може да почне диета кога славата му ги отвори вратите на најдобрите ресторани во зоната.
Прочитајте го целото интервју од списанието Gente на македонски јазик во продолжение...
- Нико, што ќе се случело со твојот живот доколку не постоеше Ангели?
- Тогаш би живеел нешто што не е мое. Немаше да го пронајдам она што навистина ми се допаѓа. Можеби ќе продолжев со студиите за Администрации.
- Сакаш да живееш како вистински актер или е само за славата?
- Дефинитивно не е за славата. Славата на почеток е забавна но подоцна се губи магијата. Завршуваш прашувајќи се дали луѓето те сакаат тебе или твојата улога.
- Ти пречи ли тоа што сите ти се мешаат во приватниот живот? Твојата романса со Ескудеро ја знаеше целиот свет.
- Искрено, со Силвина и не доживеав многу. Можеби јавноста знаела за нешто што не се ни случило, бидејки има и такви нешта. Но, разбирам да ги интересира за мојот живот, дури и ми е забавно, но поубаво е да те прашуваат само за твојата работа, бидејки мене ми значи да ја почитуваат.
- Пред да почнеме да збориме на темата работа, како се случи со Силвина? Беше сериозна врска?
- Не, не. Беше само убава ВРСКА.

- Беше љубоморен кога таа танцуваше со други?
- Не... Напротив! Го обожавам нејзиното танцување, со кој и да е.
- И зашто раскинавте? Нешто интересно за медиумите?
- Не, не е за медиумите, приватно е. Како што ништо не кажував кога бевме заедно, така не сакам ништо да кажувам и сега кога не сме. Искрено, раскинавме и останавме во добри односи.
- Тогаш да почнеме за работата. Ти понудија да работиш во "Bailando por un sueño"?
- Директно, не. Слушнав озборувања но ништо официјално. Сепак, немаше ни да прифатам бидејќи незнам да танцувам. Ќе го вметнев мојот карактер, но не сум за таков тип работа, го нема профилот кој сакам да и го дадам на мојата кариера.
- Па што би сакал да работиш оваа година?
- За сега, на 14ти Март одиме на турнеја во Израел со Teen Angels. И потоа, би сакал да пробам да работам за киното, бидејки е нешто што немам никогаш правено. Имаш повеќе време да ги подготвиш сцените, улогите.. И да, сакам да продолжам со фантазијата, како Ангели, бидејки ми се допаѓа.

- Ако сонуваш, до каде би стигнал?
- Ако залетам, ако се внесам, се гледам во Холивуд, глумејки. Во животот сакам да изживеам се.
- Како се справуваш за тоа медиумите да не ти го контролираат животот? Во Холивуд има како тебе на кои им се уништени кариерите.
-Па, ако не си бил луд пред да станеш славен, нема да полудиш сега. Јас толку и не се променив. Се водам со тоа дека секогаш сум свесен за сето добро што се случува околу мене. Одам во Израел на турнеја, ќе направам шоу за 15 000 личности, одам во Шпанија за "los 40 Principales"...
- А некогаш си сретнал некоја обожавателка многу убава?
- Да секако, и тоа ми се има случено. А случајот се менува кога ти бараат слика: „Една слика со мене може?„. И мораш да се направиш како да ти е смачено. „Добро, ајде„. И после и викаш: „Може после да ми ја пратиш сликата?„, или ќе сликаш со твојот мобилен и ќе и побараш име или број можеби... (смеење).
- Како си со освојувањето?
- Во случај со жените, ми се допаѓа да се борам малку за нив. Но не и да се направи многу комплицирано. Кога веќе ти се смешкаат, знаеш дека има нешто.
- Телевизијата ти го разубави животот?
- Да, сега животот е некако полесен. Навистина е полесен.
- Ти понудиле ВИП влезници кои не ти ѓи понудувале порани?
- Дефинитивно. Јас сум си истиот.. но...

- Алехандро Долина еднаш рече дека се што правиме во нашиот живот е за една жена не сака. Кога е толку лесно да те сакаат, зошто ги правиш тие непта?
- За да ме сакаат се повеќе! Мислам дека човекот живее за да подига жени. Се што прави е за тоа. Всушност жените го вртат светот, и знаејќи го тоа неможам да седам мирен. Зашто ли сум слободен?
Извор: Списание Gente
Преведено од страна на macedoniaresiste.blospot.com (доколку сакате да го објавите интервјуто на вашиот блог, ве молам спомнете дека сте го нашле тука).
No comments:
Post a Comment