Friday, February 25, 2011

Питер во Израелското списание Rosh1

Овој Март, Teen Angels ќе одржат настап во Израелскиот град Tel Aviv и поради тоа се многу интервјуирани од Израелските новинари. Во продолжение прочитајте едно кратко интервју со Питер Ланзани....

Здраво Питер, како си? ние среќни што имаме можност да те интервјуираме, ти?
- Супер среќен.
Добро, да почнеме со прашања чии одговори сакаат сите да ги знаат:
Плажа или базен?
-Плажа.
Хотел или кампување?
- Хотел.
Ден или ноќ?
- Ноќ хахахах.
Си пател некогаш поради љубовта?
- Хахахаха не, со болката не се носам многу. Немам патено поради љубовта, барем не многу.
Питер, пред малку време беше Св. Валентајн, каков си кога си заљубен?
- Хахаха (се смее) Многу сум романтичен. Како што приметивте неможам да престанам да се смеам. Обожавам да сакам.
Сега си заљубен?
- Можеби.
Каква е идеалната девојка за тебе?
- Треба да биде неверојатна, смешна, симпатична, да ме смее целото време, а во овој период гледам кон врските од подолго време.
Како ти поминуваат првите состаноци?
- Беше неверојатно. Имаше супер атмосфера, беше многу убаво.
Некогаш си направил нешто лудо поради љубовта?
- Не, како што се сеќавам.
Кога си во врска, ти си тој што подарува подароци или тој што прима?
- Јас сум тој што подарува.
Добро, да зборуваме за хобија, кое е твоето омилено?
- Рагбито, без сомневања. Тоа е мојата голема љубов.
А Лали?
- (нема одговор)
Кога беше мал, имаш помислено да станеш познат рагбист?
- Сеуште мислам на тоа, да играм за некој познат тим, сеуште можам да го исполнам.
Славата ти се допаѓа?
- Да, секако.
Во патувањата уживаш како кога си бил дете?
- Секогаш имам идено по плажите на PDE и Carillo, но на помирните места сеуште уживам со моето семејство и моите другари.
Сакаш да патуваш сам или со другари?
- Со другари, без сомнение.
На кое место би сакал да му се вратиш?
- Лондон.
Питер, ова е интервју за Израел, хахаха.
- Да, хахаха, знам. Израел е една земја неверојатна, полна со љубов и магија, што е ми е нешто омилено за разлика од другите земји на светот, ја сакам Израел, поради историјата, луѓето се супер...
Добро, сега е ок хахахах (двајцата се смеат). Но, кое е местото на кое не си бил а сакаш да одиш?
- Австралија.
За крај, што имаш да кажеш на твоите фанови од Израел?
- Многу ѓи сакам. Сакам веднаш да сум таму. Многу сум возбуден за мојата посета.
Питер е шармантен, неверојатен, симпатичен маж.

Извор: Списание Rosh1 (превземено од Todo de Cris)
Преведено од страна на macedoniaresiste.blospot.com (доколку сакате да го објавите интервјуто на вашиот блог, ве молам спомнете дека сте го нашле тука).

No comments:

Post a Comment