
Рочи ги раскажува своите преференции на темата лето.
Рочи Игарзабал пред некое време се преклучи на бендот Teen Angels и малку по малку се прилагодува на новата работа. Росио раскажува за одморите од нејзиното детство, со кого уживала да одмара во тоа време, во кое време преферира да одмара и многу други работи. Прочитајте го интевјуто во продолжение на македонски јазик...
1. Каде имаш одено на одмор кога си била мала?
Бев на одмори на Аргентинскиот брег, исто понекогаш и во Punta del Este, Uruguay. Бев со фамилијата или со пријатели на моето семејство.
2. Планина или море?
Море, бидејќи ја обожавам плажата. Секоја година за да имам добар почеток ми треба да одам на плажа и почнувам обновена откако ќе го слушам звукот на морето неколку дена.
3. Лето или зима?
Лето.
4. Куфер или ранец?
Куфер бидејки ми се допаѓа да се чувствувам дека имам екстра простор со мене.
5. Хотел или шатор?
Зависи, но секогаш престојувам во хотел кој има голема градина. Сепак, не ми смета да спијам во шатор.
6. Нешто што никогаш не смее да ти недостига во патувањата?
Луда сум по кремите, така да тие несмеат да фалат.
7. Сакаш да патуваш сама или придружена?
Никогаш не сум патувала сама, треба да пробам, но придружена со моите другарки или мојата фамилија е нешто најубаво што ми се случува. Уживам во луѓето што се покрај мене.
8. Ѓи организираш твоите патуваша во детали или импровизираш?
Обично ѓи организирам, но оваа година со мојата другарка одлучивме да бидеме спонтани па отидовме во Бразил без да го испланираме и беше едно од најубавите патувања во мојот живот.
9. Кој е градот кој најмногу ти се допаднал?
Pipa Natal во северен Бразил бидејки е место кое е полно со природа и музика. Исто така и Jerusalem поради културата, историјата и поради тоа што ме наполни со енергија кога го посетив.
10. Кое е местот кое те остави без здив?
Баш Jerusalem. Да бидеш во место толку удобно за која било религија, култура, ме остави без здив. Беше многу емоционално да посетиш места како "El Santo Sepulcro" "El Muro de los Lamentos" итн.
11. На кое место, од сите на кои си била, би отишла пак?
Во Бразил и Израл бидејки се две места кои имаат совршена комбинација за мене: храната (многу зеленчук и овошје), музиката, културата и плажите.
12. Некое место кое сакаш да го посетиш во иднина?
Индија, поради душевната вредност. Тоа би било едно патуваше кое ќе го направам во иднина и за кое треба да се припремам.
13. Каде беше твојот последен одмор?
Ferrugem во јужниот дел на Бразил со 3 другарки. Многу се забавуваме!
14. Омилен начин на транспорт?
Со авион. Кога ги гледам градовите од голема висина навечер и напладне блиску од облаците неможам да го отргнам погледот.
15. Кои места од Аргентина би ги препорачала?
Tandil. Бевме таму на турнеја и беше многу убаво. Исто така би ја препорачала Bahia Manzano, блиску до Villa Langostura, кое е едно од местата кои се најмирни.
16. Некогаш имаш доживеано ужасно патување?
Хахахах, кога бев мала бев на одмор без мојата фамилија и многу ми недостигаа. Поради тоа неможев да дочекам да се вратам дома. Им се јавувам плачејки за да дојдат и да ме земат.
17. Некое патување кое го памтиш со највеќе забава?
Valeria del Mar, беа одмори на кои се поминав најубаво.
18. Идеално патување?
Мојата совржена комбинација: другарки и некое прекрасно место. Засега тоа е Бразил, но би сакал да одам и до Costa Rica, Playa del Carmen и некои други места.
Извор: Revista Upss
Преведено од страна на macedoniaresiste.blospot.com (доколку сакате да го објавите интервјуто на вашиот блог, ве молам спомнете дека сте го нашле тука).
No comments:
Post a Comment