Wednesday, March 9, 2011

Среќен Роденден Еухе!

Денес, 09.03.2011 една од глумиците која глуми главна улога во нашата омилена серија Ангели, полни 19 години. Тоа е Мариа Еухениа Суарез, скратено Еухе. Таа четири години од својот живот, од своето тинејџерство посвети на снимањата на серијата, цедињата, перформансите во театар, и се друго поврзано со Ангели. Низ тие четири години стекна огромна бројка на лојални фанови од целиот свет! Само на социјалната мрежа Twitter ChinaSuarez има 187,616 следеници.

Во продолжение прочитајте тоа што го работела пред Ангели и по Ангели и посакајте и роденденска желба на Еухе...

Заедно со Нико Риера (Тачо) во 2009 потврдија дека се во врска, но за жал врската заврши по некое време и сега Еухе е верна на својот дечко Начо Виале.

Еухе започна со глумење во серијата "Rincon de Luz" (2003) која исто како Ангели е произведена од Крис Морена. Следната година таа имаше мала улога во серијата "Floricienta" (2004), исто така произведена од Крис Морена. Во следните години таа доби поголеми улоги во "Amor Mio" и "Amo de Casa". 2007ма беше година во која кариерата на Мариа се просветли. Таа доби место како една од главните улоги во Ангели како Хасмин Хас Ромеро. Таа исто така ја исполни својата желба да биде во успешен музички бенд. Таа го напушти бендот во 2011 за да и даде нов лик на својата кариера.

Во коментарите посакајте и роденденска желба на Еухе...

No comments:

Post a Comment