Ангели уште од својот почеток јасно покажа дека е серија за оние веруваат во рајот иако живеат во пеколот, за оние кои никогаш не се откажуваат од своите соништа, за оние кои веруваат дека светот може да биде подобар.
Ангели започна со приказната за групата на тинејџери бездомници кои беа експлотирани во Фондацијата ББ на чело со Бартоломе и Хустина. Со пристигнувањето на Нико и Сиело во фондацијата овие тинејџери почнаа да чекорат кон патот на вракање на нивното достоинство.
Николас Бауер е археолог кој е во потрага на островот Еудамон. Тој дојде во фондацијата со причина да се ожени со Малвина, помалата сестра на Бартоломе.
Сиело, всушност е Анхелес Инчаусти, една млада девојка на која Бартоломе и Хустина и го одземале идентитетот за да го задржат нејзиното богатство од вилата Инчаусти која сега е фондацијата ББ.
Trailer
Сиело со својата музика и Нико со своите соништа ќе им помогнат на експлотираните деца повторно да поверуваат во среќата. Сиело ќе создаде музички бенд со: Тиаго, Мар, Рама, Јазмин и Тачо наречен Teen Angels.
Заедно ќе преживеат различни авантури, романси, ќе се ослободат од канџите на Бартоломе и Хустина, а Нико и Сиело заљубени уште од првото среќавање ќе го дочекаат денот на својата свадба. На тој ден Маркос Ибарлусија, полубрат и најголем непријател на Нико ќе ги киднапира Малвина, Кристобал и мајката на Кристобал Карла. На тој ист ден бендот Teen Angels ќе има голем концерт, и поради тоа нема да знаат што навистина се случува во вилата. Бартоломе излезен од затвор ќе се обиде да ја убие Сиело во кој момент таа ќе го премине порталот, кој го претставува големиот часовник во нејзината соба. Тој е портал до островот Еудамон, до островот на среќата.
Крајот
Во Аргентина искочи книга наречена "Casi Angeles: La Isla de Eudamon" која ја содржи приказната од првата сезона на Ангели. Информации за книгата и како да ја купите online можете да најдете тука.
Улоги:
Сиело (Анхелес Инчаусти) - Emilia Attias
Николас Бауер - Nicolas Vazquez
Бартоломе Бедожа Агуеро - Alejo García Pintos
Хустина Мерарда Гарсија - Julia Calvok
Таа е помошничка на лошиот Баротоломе со кој заедно ги експлотираат децата. Ги тераат да крагат да работат и друго.
Малвина Бедожа Агуеро - Gimena Accardi
Тиаго Бедожа Агуеро - Juan Pedro "Peter" Lanzani
Тој е син на Бартоломе, но не знае што навистина се случува во фондацијата ББ. Незнае дека децата кои живеат таму се експлотирани. Тој ќе биде големата љубов на Мар.
Марианела - Mariana "Lali" Esposito
Таа е една од експлотираните деца. Заедно со Сиело, Тачо, Рама, Јазмин и Тиаго го формира бендот Teen Angels. На прв поглед ќе се заљуби во Тиаго.
Јазмин Ромеро - Maria Eugenia Suarez
Таа е циганка, која во фондацијата ќе ја донесе Рама. При нејзиното доаѓање ќе стане најдобра пријателка со Мар и ќе се заљуби во Тачо.
Рамиро Ордоњез - Gaston Dalmau
Тој живее во фондацијата ББ веќе подолго време заедно со Тачо и Жека. Има помала сестра, а нивната мајка ги напуштила кога биле мали.
Хуан "Тачо" Моралес - Nicolas Riera
Тачо го обожава театарот. Тој ќе биде големата љубов на Јазмин.
Жека - Stefano de Gregorio
Кристобал Бауер - Tomas Ross
Тој е син на Николас Бауер. Но подоцна ќе се дознае дека всушност Нико му е чичко, а вистински татко му е Маркос Ибарлусија, полубратот на Нико кој всушност и е негов најголем непријател.
Алели Ордоњез - Florencia Cagnasso
Алели е помалата сестра на Рама.
Луз Инчаусти - Guadalupe Anton
Луз е помалата сестра на Сиело. Кога Бартоломе и Хустина одлучиле да им ги одземат идентитетите на сестрите за да го задржат богатството, Сиело ја оставиле во шума, а Хустина го измамила Бартоломе и ја задржила Луз, криејќи ја во подрумот од вилата. Таа ја задржила таму лажејќи ја дека горе, на земјата има војна и дека не смее да излегува надвор. Но потоа Жека ќе ја открие, и ќе се дознае дека таа е помалата сестра на Сиело.
Монито - Nazareno Anton
Начо Перез Алсаменди - Augustin Sierra
Начо е најдобриот другар на Тиаго. Тој е богато момче со татко судија.
Тефи Риналди - Candela Vetrano
Тефи во серијата ќе се појави како девојка на Тиаго.
Музиката, видео клиповите и текстовите на песните од оваа сезона можете да ги најдете во оддлеот Музика.
No comments:
Post a Comment