Крајот на првата сезона:
- Teen Angels одржаа шоу пред многу голема публика.
- Маркос Ибарлусија ги киднапираше Малвина и Кристобал. Летајќи во авион Малвина и Кристобал скокнаа пред да експлодира авионот со Маркос внатре.
- Сиело го премина порталот кој води до Еудамон, што се наоѓа во нејзината соба. Таа го премина порталот во ситуацијата кога Бартоломе сакаше да ја убие. Во тој момент Бартоломе го удри струја која доаѓаше од порталот.
На почетокот на втората сезона Сиело се наоѓа на другата страна од порталот. Таму се среќава со Тик Так кој ќе и објасни дека таа има мисија, која треба самата да ја открие која е. Ќе се врати на светот со специјални моќи но нема да знае која е ниту каде се наоѓа. Затоа Тик Так ќе и даде трага: Да го следи белиот зајак.
Нико ќе биде фокусиран на тоа да ги најде Малвина и Кристобал. Во моментот кога ќе ги најде Малвина ќе се породи од бебе на Нико. Бебето ќе го крстат Есперанза што на шпански значи надеж.
Нови романси, авантури, предизвици
За сето ова време Мар, Тиаго, Рама, Тачо и Јазмин се во камп од училиштето Rockland. Тоа е училиштето каде што Начо, Тефи и Тиаго учеа досега, а сега и децата кои беа експлотирани се образуваат со парите од наследството на Луз и Сиело. Со тие исти пари, Нико додека Сиело не е тука Фондацијата ББ ја претворил во "Волшебниот Дом" каде што учениците од Rockland можат да одржуваат часови. Во кампот Мар ќе го запознае Симон, добар другар на Тиаго, кој ќе биде како трет меѓу нив двајца. Во врската на Мар и Тиаго ќе има уште една пречка која ќе биде Мелоди. Таа ќе биде затрескана во Тиаго. Рама по враќањето од кампот при еден инцидент ќе ја запознае Валерија. Тој уште од првиот момент кога ја виде знаеше дека таа ќе биде голем дел од неговиот живот. Таа ќе го одбива Рама, но тој со голем труд ќе ја освои. Во "Волшебниот дом" Нико ќе донесе една селанка по име Каридад. Таа на крајот ќе биде љубовта на Начо.
Начо ќе основа бенд наречен "Man" и тој ќе биде конкуренција на Teen Angels во натпреварот Поп Ѕвер. Во "Man" ќе бидат: Начо, Тефи, Мелоди, Симон и Валерија.
Trailer
Нови улоги:
Симон - Добра другар на Тиаго, трет меѓу Тиаго и Мар.
Мелоди - Ќе и се допаѓа Тиаго и ќе дава се од себе да го освои.
Вале - Големата љубов на Рама.
Лука - Работник во корпорацијата ЦЦ.
Каридад - Љубовта на Начо.
Сиело/Линда
Нико никогаш не би помислил дека Сиело ќе се врати па затоа тој продолжи со неговиот живот, и даде уште една шанса на љубовта. Но по враќањето на Сиело од другата страна на Еудамон нивните патишта ќе се соединат и тие ќе се сретнат на нејзината свадба со Салвадор.
Салвадор е млад дечко кој ја пронајде Сиело кога таа се врати од другата страна. Бидејќи таа се врати без нејзината меморија тој ја крсти Линда. Кога Нико ќе ја пронајде Сиело ќе мисли дека таа го предала, дека веќе не го сака и дека сака да се омажи со Салвадор. Тоа ќе го мисли се додека не дознае дека таа има амнезија. Тој ќе ја претстави пред децата и сите радосно ќе ја дочекаат. Но по се тоа Сиело/Линда ќе биде многу збунета и нема да знае што да прави.
Сиело полека ќе почне да ја враќа својата меморија. Секако ќе сака повторно да биде со Нико но нема да сака да го повреди Салвадор.
Хуан Круз и корпорацијата ЦЦ
Сиело по нејзиното враќање ќе се сретне со еден нејзин непријател: поранешен Ангел на Еудамон: Хуан Круз. Тој кога бил помлад бил избран да биде Ангел на Еудамон, со што му била доделена мисија. Но при неговото време поминато од другата страна на порталот бил вратен на земјата со мисијата. Тој тоа го сфатил како протерување од островот и затоа станал лош и сака да се врати во Еудамон. Секако како и Сиело Хуан Круз кога се вратил од другата страна на порталот се вратил со моќи. Но во 2001 тој починал но не починала и неговата душа. Тој со неговата душа има способност да користи тела на други луѓе. Подоцна се дознава дека тој 7 години живеел во телото на Салвадор и сеуште живее.
Со пристигнувањето на Хуан Круз во нивните животи Тиаго дознава дека всушност тој е неговиот вистински татко.
Хуан Круз има корпорација наречена ЦЦ. Во неа работи Франка која едно време ќе биде помеѓу Сиело и Нико. Во корпорацијата работи и младо момче наречено Лука, кое ќе се инфилтрира во Волшебниот дом, но потоа ќе стане добар и ќе формира пар со Тефи. Луѓето од корпорацијата ќе ја извлечат Хустина од затвор и ќе ја инфилтрираат во Волшебниот дом. Таа глумејќи ја нејзината роднина Фели ќе го исфрли целото зло од нејзината душа и ќе стане добра личност. Всушност тоа и била мисијата на Сиело: да им помогне на црните души повторно да блеснат, т.е. лошите да ги направи добри.
Книгата со седум катанци
На почетокот на сезоната, додека децата беа во кампот тие пронајдоа една златна книга со седум катанци. Полека, клучевите за катанците ќе почнат да се појавуваат.
Првиот клуч го најде Тиаго кога Тик Так го натера да ја сфати смислата на својот живот.
Вториот клуч го најде Јазмин кога дозна дека всушност тој што и ѓи убил родителите бил нејзиниот чичко.
Третиот клуч го пронајде Тачо кога му прости на својот татко за тоа што го заменил за телевизор кога бил мал.
Четвртиот клуч го пронајде Рама, кога и врати значаен објект на една жена кој и го има украдено под притисок на Бартоломе и Хустина.
Петиот клуч го најде Жека кога ги пронајде своите вистински родители.
Шестиот клуч го пронајде Мар кога се смири со Тефи, нејзината сестра (од иста мајка).
За седмиот клуч ќе прочитате подолу...
Крајот
Дојде финалето на натпреварот Поп Ѕвер на кој учесниците ќе одржат големо шоу. Пред шоуто Јазмин имаше визија како Тиаго паѓа од покривот на една зграда. За време на шоуто, Хуан Круз на покрив на една зграда ќе ги зароби Сиело, Нико, Лука и Тиаго. Бидејќи Тиаго кој е син на Хуан круз не сака да биде негов партнер во сите лоши нешта што ги прави тој, Хуан Круз одлучил да го убие. Тиаго нема навистина да дојде на покривот, туку Сиело со нејзините моќи ќе му направи илузија на Хуан Круз и тој ќе мисли дека го убил Тиаго. Потоа кога сите ќе се вратат во Волшебниот дом заедно ќе успеат да го протераат Хуан Круз од телото на Салвадор. Во тој момент ќе го забележат седмиот клуч од книгата со седум катанци закачен на ланче на вратот на Салвадор. За жал при протерувањето на Хуан Круз од телото на Салвадор, Салвадор ќе умре. Ќе се одржи погребот на Салвадор, а по некое време и свадбата на Нико и Сиело која се оддолжи уште од крајот на првата сезона.
Во последната епизода Нико ќе им соопшти на децата дека Сиело е ангел на Еудамон и дека они се скоро Ангели. Ги имаат сите 7 клучеви на книгата и дека заедно: Мар, Тиаго, Рама, Јазмин, Тачо, Жека, Хустина, Симон, Мелоди, Каридад, Начо, Валерија, Лука и Тефи ќе треба да ја отворат книгата кај фонтаната што се наоѓа пред вилата. Кога ќе ја отворат книгата сите 14мина ќе ги снема.. Оваа приказна продолжува во третата сезона на Ангели..
Крајот на втората сезона + нешто од третата сезона
Можеш да ги слушаш песните, да ги гледаш видео клиповите и да ги видиш текстовите на песните од оваа сезона на Ангели во одделот Музика.
No comments:
Post a Comment