"Elite Way School" е средно училиште, чија слава ги надминува границите. Тоа може да се пофали со висок степен на обученост, но правејќи го вистински посакувано, е тоа што студентите се уверени дека имаат контакти социјално соодветни за во иднина. Всушност, поголемиот дел од студентите припаѓаат на високата класа во земјата, или се деца на важни бизнисмени и политичари. Додадена вредност што ја има училиштето е интернатот.
Ова е поинакво образование за сите, има свои правила и програми за студирање и за работење во согласност со соодветен код. Во училиштето сè е совршено организирано: наутро учениците одат на часови и ги вршат своите обврски, ги подготвуваат работилниците за обука, спортски сали и имаат многу активен социјален живот. Секогаш се под око на тутор, кој исто така работи како советник и неделен наставник, кој се обновува и останува како чувар. Уште еден од објектите нудат од страна на училиштето е Vacance клуб, клуб со пет ѕвездички. Тоа е клуб кој е основан за учениците кои за летниот распуст не одат на одмор. Приказната почнува кога студентите од трета година се запознаваат меѓусебно. Речиси веднаш се утврдуваат афинитетите и несогласувања коишто ја одбележуваат првата сезона од серијата. Четири ученика, со силни карактери ќе се обединат. Четирите имаат свои предности и слабости, и секој се обидува да се наметне на своите мисли. По обединувањето доаѓаат пријателства, омрази, љубовни романси, лојалности и предавства. Четирите бунтовници ќе ѓи прескокнат пречките, ќе ги разрешат сите несогласувањаа.
Бунтовниците се: Миа Colucci, Мануел Aguirre, Пабло Бустаманте Marizza Пиа Spirito. Овие деца откриваат дека еден ден, и покрај непомирливите разлики, имаат едно нешто заедничко: нивната љубов кон музиката. Овие четворица ќе формираат група која ќе постигне голема слава во светот на Младите Бунтовници. Trailer (прва сезона) Trailer (втора сезона) Видео клиповиSweet Baby (2002)
- Успеаа да го протераат Хуан Круз од телото на Салвадор со што Салвадор умре, и го најдоа седмиот клуч од книгата.
- Тиаго, Мар, Рама, Јазмин, Тачо, Жека, Хустина, Симон, Валерија, Мелоди, Начо, Каридад и Лука ја отворија книгата кај фонтаната што се наоѓа пред вилата. Во тој момент тие исчезнаа и Сиело со својот текст во Off им посака среќно патување!
Trailer
По отварањето на книгата сите се појавија на различни места. Некои во опасни ситуации, некои во посрамотувачки, а некои на пусти места. Никој од нив не разбира што се случува, незнаат каде се, каде се нивните другари...
Локациите на кои тие се наoѓаат при нивното пристигнување формира Mandala.
По некое време ќе успеат да се најдат, а на нивната средба ќе пристигне една жена во своите дваесети година која ќе им понуди превоз до дома. Нема да прифатат но таа ќе ги убеди со изјавата дека ја пратиле Нико и Сиело. Нема веднаш да ги врати дома, ќе ги однесе на неколку места каде со нивна помош ќе се подобри животот на жителите на местата.
По долги неколку дена далеку од дома тие конечно ќе се вратат. Но кога ќе се вратат ќе ги чекаат неколку големи изненадувања:
- Жената која ги врати дома е нивната внука, Есперанза, ќерката на Малвина.
- Волшебниот дом се претворил во една од резиденциите на училиштето Мандалај. Тоа е училиште со кое е заменето Rockland.
- Личноста која ќе ги пречека дома, која има ист физички изглед како Сиело е Пас, ќерката на Нико и Сиело.
- И последното изненадување ќе им го соопшти Сиело на видео лента: дека отпатувале 22 години во иднината.
Разјаснување на временскиот парадокс
Со отварање на книгата четрнаесетемина од почетокот на 2009та година отпатуваа 22 години во иднината, значи се наоѓаат во почетокот на 2031 година. Но кога тие отпатувале во иднината дел од нив одпатувал во 2031, а дел од нив останал во минатото т.е. во 2009. Делот од нив кој останал во минатото си продолжува нормално со својот живот бидејќи незнае дека една половина од него отпатувала во иднината. Делот од нив кој е во иднината, кога ке ја исполнат својата мисија, т.е. кога ќе дојде времето да се вратат во минатото тие ќе се соединат со делот кој не отпатувал и ќе сеќаваат на се што се случило и во 2009 и во 2031. Во иднината (2031) покрај тие што пристигнале од 2009та година има уште едни "нив" на околу 40 години, бидејќи тие кога ќе се вратат во минатото ќе продолжат со своите животи и кога тогаш ќе стигнат до 2031 година. Како што во иднината има постари Нико, Сиело, Малвина така има и постари верзии од четрнаесетемина кои отпатуваа во иднината. При пристигнувањето во иднината им беше поставено едно правило: не смеат да дознаат ништо за другите "нив" од иднината, бидејќи тоа би можело да има големи последици, би можело да предизвика непоправливи грешки.
Mandalay
Паз и Есперанза раскажуваа дека Нико и Сиело добиле идеа да го создадат Мандалај но не за да ги кријат учениците од реалноста што владее низ светот, од бедата која го обединува светот во ова време, туку за да создадат лидери кои ќе допринесат за иднината да биде подобра од таа во 2031. Во Мандалај ѓи учат учениците да размислуваат странично, ѓи учат дека не се е како што изгледа.
Сите, дојдени од минатото полека ќе се привикнуваат на животот во Мандалај. Од голема помош ќе им бидат Паз и Есперанза, а и новиот директор поставен од Нико, Камило. Камило има идентичет физички изглед како Хуан Круз, како што Пас има идентичен изглед како Сиело. Потоа се дознава дека всушност Камило е син на Хуан Круз. Во Мандалај учениците заедно ќе приредуваат разни протести, против неправедната влада (корпорацијата Nueva Era Virtual), против фабрики кои загадуваат итн. Некои ќе успеат да ги соборат, но некои и не. Животот во Мандалај ќе им донесе и нови авантури, разни доживувања, нови кавги, нови романси, нови личности во животот итн. Кика ќе биде една од новите улоги во оваа сезона. Таа на почетокот ќе се претстави како ученичка на Мандалај но всушност таа доаѓа од 2046 година. Луна и Педро се уште две нови улоги во оваа сезона. Нивната приказна е поголема, ќе ја пронајдете подолу. Хаиме е момчето на Луна, кое таа ќе го остави за Тиаго. Мар ќе биде со братот на Луна, Педро, но на крајот љубовта на Мар и Тиаго ќе победи.
Мисијата
На почетокот на сезоната, кога сите ја видоа видео лентата на која Сиело им соопштува дека отпатувале 22 години во иднината, таа кажа дека тие отпатувале со една мисија. Но која е мисијата? Тие самите треба да ја откријат. Што ќе се случи ако не ја исполнат? Крајот на светот.
Сиело уште пред тие да отпатуваат во иднината им подари по еден објект од кутијата објекти кои и пристигнаа на неа кога таа се врати од другата страна на порталот. Тие објекти ќе им бидат од голема помош при исполнување на мисијата. Кој е нивниот непријател? Во оваа мисија тие имаат 2 непријатела:
- Хуан Круз секако. Хуан Круз е сега многу појак, и за разлика од порано сега Хуан Круз може да користи едно тело само кратко време, и искористеното тело по некое време умира. Хуан Круз тоа и го направи на Каридад во 30те епизоди од сезоната. Таа умре, но со нејзиното умирање таа се соедини со делот од неа кој не отпатува во иднината. Доколку не се исполни мисијата Хуан Круз ќе може да се врати во Еудамон.
- И вториот непријател си се самите себеси. Видете зошто во продолжение...
Еден ден во Мандалај пристигна чудна пратка: кутија со CD. Цедето содржеше видео со кратки исечоци од ужасни случки кои треба да се избегне да се случат. Случките беа:
- Како Начо е истовремено со Тефи и Каридад. Се претпоставуваше дека има 2 фамилии како што имаше неговиот татко во втората сезона.
- Како Мелоди и Тачо бегаат во една шума од Симон бидејќи тој пробува да ѓи убие.
- Како Хустина им бара прошка на Жека и Лука кои имаат вперени пиштоли кон неа.
- Како Рама и Вале лежат мртви во болница.
- Како Мар облечена во венланица во црква го прашува Тиаго по телефон дали ќе дојде, а тој и вика дека нема и дека таа знае многу добро зошто.
- Како Јазмин е пред пораѓање, а Тиаго е до неа и ја теши.
Поради ова тие се си непријатели самите на себеси.
Со пристигнувањето на видеото дојде и веста дека тој што ќе ја убие Пас е Камило.
Поглднете го и сами видеото
2 случки од видеото се случија. Начо како помошник во Мандалај беше возач на наставниците. Каридад ја чистеше внатрешноста на нивните куќи, а Тефи надворешноста. По случајност Начо го возеше наставникот на кој Каридад му ја чистеше куќата, па се поздравија исто како на видеото. Повторно по случајност Начо требаше да го земе наставникот од неговиот дом на кој Тефи му ја чистеше градината. Кога Начо стигна кај куќата во која Тефи чистеше, Хуан Круз со својата способност да создава улузии, направи Начо да мисли дека Тефи е Каридад, а Тефи да мисли де Начо е Лука. Така една случка од видеото се исполни.
Втората случка е случката со Рама и Вале како лежат мртви во мртовечница. При пристигнувањето во иднината, на Вале вниманието и го одзема професорот Хуан. Си се допаѓаа едни на други. Во тоа време Хуан Круз беше во телото на Хустина, па за да не се пренесе во телото на Вале, Хуан и вшприца една супстанца на Вале со чија помош Вале ќе изгледа како да е мртва но таа всушност не е. Така Вале ја однесоа од мртовечница, а Рама отиде да ја види за последен пат. Хуан исто така беше таму и Рама почна да го окривува. Како што Рама беше слеп (Ослепе кога Лука и Педро вклучија еден апарат наречен Телерања кој Хуан Круз имаше план да ги убие со него) Хуан успеа и на Рама да му ја вшприца супстанцата. Двајцата лежеа "не"мртви исто како на видеото. Но суштината на случката е дека дејството на супстанцата кај Вале исчезнало побрзо, па таа кога се разбудила и го видела Рама мртов се самоубила. Со помош на Фели од минатото оваа случка не се исполни.
По оваа случка со писмото кое го прати Фели се дознава дека Хуан е всушност син на Хустина и дека кога таа ќе се врати во нејзиното време по породувањето ќе умре.
Мисијата всушност е да се спаси мирот, и да се спаси Пас. Во зимата која им се наближување во Мандалај Пас требаше да умре. А видеото беа само случки кои ако се избегнат таа нема да умре. А доколку таа не умре, светот нема да се претвори во хаос и ќе се спаси неговиот мир.
Дојде зимата во Мандалај, сите се радуваат на снегот но сепак тагуваат бидејќи се ближи смртта на Пас. За да ја избегнат нејзината смрт направија добар план, но ако се употреби страничното размислување има многу опции за да се исполни видеото. Бидејки во тоа време Хуан Круз беше вратен во своето тело, го имаше киднапирано Камило, и се преправаше дека тој е Камило.
Симон беше изваден од затвор од Тео и кога го виде Камило со Тео, кој успеал да избега од Хуан Круз почна да пука кон него. Се случи исто како на видеото, Симон со сета брзина трчајќи во некого пука.
Тачо и Мелоди заспани во едно комбе кое ги однесе до една шума сфатија дека видеото се исполнува. Кога возачите на комбето ги открија почнаа да пукаат кон нив. Исто како на видеото некој пукаше во Тачо и Мелоди.
Хустина во домот за калуѓерки во кој беше скриена се онесвести една девојка. Хустина зема да ја пренесе до болница. На патот кон болница се пресретна со Тео и Камило и ги удри со колата.
Тео умре. Поради тоа таа исто како и на видеото им бараше прошка на Жека и Лука кои се најдоа таму по случајност.
Мар и Тиаго сепак одлучија да се венчаат но не во црква, туку на езеро. По случајност се најдоа покрај црквата од видеото. Сака да си отидат што побрзо но Мар, е Мар па мораше да оди по малда нужда. За тоа време Тиаго го земаа како заложник едни крадци. Таму по случајност се најде Јазмин, и крадците ја упукаа во стомак. Тиаго и стави џемпер под маицата па изгледаше бремена исто како на видеото. Мар кога искочи од тоалетот, една дизајнерка ја замоли да проба еден венчален фустан. Во тоа време сфати дека Тиаго не е тука и го побара и му остави пораката на телефонот со истите зборови како на видеото,
Тиаго помагајќи и на Јазмин доби повик од Камило, и мислејќи дека е Хуан Круз се обрати исто како на видеото.
Бидејќи се од видеото се исполни, Камило загрижен отиде во Мандалај каде го најде Хуан Круз како лежи на подот во дворот. Во момент на нервоза го упука, во кој момент виде дека тоа било измама на Хуан Круз, дека било илузија. Тоа всушност било Паз, а Хуан Круз направил да изгледа како него.
Сцената каде Камило ја убива Паз
Новиот почеток
По тоа што не успеаа да ја исполнат својтата мисија, Тиаго разочаран преку чаевите на Пас со кои се пратува низ времето отпатува во 2082, каде се сретна со Есперанса на стари години. Тој заедно со Есперанса патуваше низ времето и менуваа некои работи. Со тоа што избегнаа некои работи смртта на Пас не се случила но во блиско време ќе се случи. Есперанса посебно напомена дека со тоа што менуваа некои работи во минатото ќе има последици.
Тиаго преку чајот се врати во 2031, каде го чекаа големи измени:
- Мар е со Педро, не со Тиаго.
- Сите го мразат Тиаго. Тој веќе не е во Teen Angels туку во Man.
- Пас е жива! Но таа не е со Камило, туку со Тео.
- Тиаго е со Луна, а Луна е во количка.
Сега предизвикот на Тиаго е да врати се како што беше порано.
Друг предизвик на луѓето од Мандалај е корпорацијата Nueva Era Virtual. Тоа е владината корпорација е неправедна и една од причините што светот е во ваква положба. Повеќето од нештата ќе се средат, а и повторно ќе дојде моментот на смртта на Пас. Овој пат Тиаго и Есперанса полесно ќе ја избегнат смртта.
Но тоа не е се.. Смртта на Пас ќе се повторува се додека постои Хуан Круз. Хуан Круз ќе открие како да патува низ времето и со тоа ќе елиминира личности. Ќе направи да не постои Камило, Педро итн. Пас и Тиаго ќе го сфатат тоа и ќе патуваат низ времето за да ја повратат постоеноста на тие личности. Пас и Тиаго ќе успеат да го заробат Хуан Круз во едно време, тој ќе ги изгуби моќите, поради тоа што кога беше во телото на Каридад тој се заразил со нејзината светла душа. Во 2031 Хуан Круз е веќе старец, но сега мотивацијата да ги уништи луѓето од Мандалај му е уште поголема. Старата Есперанса на Тиаго ќе му праќа филмови со траги. Кога ќе ги спојат насловите на филмовите ќе добијат фраза која ќе им помогне во уништувањето на Хуан Круз.
Фразата гласи: Solamente con un amor profundo el docil presente irradar luz. Enceguecera al mal y cesara su karma. Tengan Fe.
Тиаго и Камило ќе подготват вечера за својот татко, ќе гледаат фудбал, ќе пијат кафе во градината со што душата на Хуан Круз ќе се осветли. Тоа ќе го уништи него.
По уништувањето на Хуан Круз учениците од последната година во Мандалај одат на матурско патување. Со нивното заминување Хустина ќе се врати во своето време. Таа пред да се врати ќе дознае дека Луз при крајот на 2009 ќе биде киднапирана. Затоа таа порано се враќа во своето време од другите. Ќе проба да ја спаси Луз но нема да успее. Луѓето кои ја киднапираа Луз ќе ја заробат и Хустина. Кога ќе се породи тие ќе и го земат бебето и ќе ја убијат.
Пред да одат на патувањето учениците ќе одржат неколку креативни интервенции против владината корпорација која е многу заинтересирана за нив, за луѓето од Мандалај.
Една од креативните интервенции
Мистеријата за Луна и Педро
Хуан (професорот кој "ѓи уби Рама и Вале"), т.е. синот на Хустина имал ќерка која имала идентичен физички изглед на Хустина. Таа во 2082 се породила со едно момче и едно девојче. Бидејќи светот е целосно уништен во 2082, жива е само старата Есперанса, овие две бебиња се последните родени луѓе на светот. Како што немаат услови да преживеат во тој уништен свет, старата Есперанса ќе патува низ времето и ќе ги остави во минатото. Ќе ѓи остави разделени, а со се нив ќе остави и две писма. Луна и Педро не требале да ги отвараат писмата се додека не се спремни. Денот кога Педро избега од дома (епизода 1) го отворил писмото, а во писмото имало координати. На местото на тие координати тој се најде со Мар, Тиаго и сите други кои дојдоа од минатото. Луна следејќи го него и таа заврши со нив. Според ова заклучуваме дека Луна и Педро се всушност внуци на Хуан, а правнуци на Хустина.
Крајот При последните епизоди Јазмин ќе има визија во која таа се гледа самата себеси мртва.
На крајот на оваа сезона Камило и Пас ќе се венчаат.
Паровите ќе останат: Мар и Тиаго, Тачо и Јазмин, Рама и Кика, Вале и Симон кои се заљубија мегусебе во последните епизоди, истата ситуација како кај нив се јавува и кај Мелоди и Тео. Други парови ќе бидат: Тефи и Лука, Есперанса и Нердито (синот на Начо и Тефи) и Пас и Камило. Во последната сезона се дознава дека Шефицата на Министрите, т.е. таа што е на чело на владината корпорација е Луз, помалата сестра на Сиело. Крајот на третата сезона се обележува со исполнувањето на протоколот "El Principito" на владината корпорација што всушност претставува фрлање на бобма од гасови во местото каде што учениците од Мандалај отидоа од патување. Пред да се фрли бомбата сите се вакцинираа, всушност таа вакцина била за одредени луѓе за да ги заштити тие луѓе од гасовите на бомбите. Во моментот кога падна бомбата Јазмин се онесвести. Таа тоа го виде во својата визија и помисли дека ќе умре.
Што ќе се случи по бомбата?
Зошто Луз ја фрли бомбата?
Дали повторно ќе ги видиме Камило, Паз, Есперанса, Тео.. ?
Дали сите ќе се вратат во своето време?
Овие прашања ќе ви бидат одговорени во четвртата сезона на Ангели наречена "Отпорот".
Можеш да ги слушаш песните, да ги видиш видео клиповите и да ги видиш текстовите на песните од оваа сезона во одделот Музика.
- Teen Angels одржаа шоу пред многу голема публика.
- Маркос Ибарлусија ги киднапираше Малвина и Кристобал. Летајќи во авион Малвина и Кристобал скокнаа пред да експлодира авионот со Маркос внатре.
- Сиело го премина порталот кој води до Еудамон, што се наоѓа во нејзината соба. Таа го премина порталот во ситуацијата кога Бартоломе сакаше да ја убие. Во тој момент Бартоломе го удри струја која доаѓаше од порталот.
На почетокот на втората сезона Сиело се наоѓа на другата страна од порталот. Таму се среќава со Тик Так кој ќе и објасни дека таа има мисија, која треба самата да ја открие која е. Ќе се врати на светот со специјални моќи но нема да знае која е ниту каде се наоѓа. Затоа Тик Так ќе и даде трага: Да го следи белиот зајак.
Нико ќе биде фокусиран на тоа да ги најде Малвина и Кристобал. Во моментот кога ќе ги најде Малвина ќе се породи од бебе на Нико. Бебето ќе го крстат Есперанза што на шпански значи надеж.
Нови романси, авантури, предизвици
За сето ова време Мар, Тиаго, Рама, Тачо и Јазмин се во камп од училиштето Rockland. Тоа е училиштето каде што Начо, Тефи и Тиаго учеа досега, а сега и децата кои беа експлотирани се образуваат со парите од наследството на Луз и Сиело. Со тие исти пари, Нико додека Сиело не е тука Фондацијата ББ ја претворил во "Волшебниот Дом" каде што учениците од Rockland можат да одржуваат часови. Во кампот Мар ќе го запознае Симон, добар другар на Тиаго, кој ќе биде како трет меѓу нив двајца. Во врската на Мар и Тиаго ќе има уште една пречка која ќе биде Мелоди. Таа ќе биде затрескана во Тиаго. Рама по враќањето од кампот при еден инцидент ќе ја запознае Валерија. Тој уште од првиот момент кога ја виде знаеше дека таа ќе биде голем дел од неговиот живот. Таа ќе го одбива Рама, но тој со голем труд ќе ја освои. Во "Волшебниот дом" Нико ќе донесе една селанка по име Каридад. Таа на крајот ќе биде љубовта на Начо.
Начо ќе основа бенд наречен "Man" и тој ќе биде конкуренција на Teen Angels во натпреварот Поп Ѕвер. Во "Man" ќе бидат: Начо, Тефи, Мелоди, Симон и Валерија.
Trailer
Нови улоги:
Симон - Добра другар на Тиаго, трет меѓу Тиаго и Мар.
Мелоди - Ќе и се допаѓа Тиаго и ќе дава се од себе да го освои.
Вале - Големата љубов на Рама.
Лука - Работник во корпорацијата ЦЦ.
Каридад - Љубовта на Начо.
Сиело/Линда
Нико никогаш не би помислил дека Сиело ќе се врати па затоа тој продолжи со неговиот живот, и даде уште една шанса на љубовта. Но по враќањето на Сиело од другата страна на Еудамон нивните патишта ќе се соединат и тие ќе се сретнат на нејзината свадба со Салвадор.
Салвадор е млад дечко кој ја пронајде Сиело кога таа се врати од другата страна. Бидејќи таа се врати без нејзината меморија тој ја крсти Линда. Кога Нико ќе ја пронајде Сиело ќе мисли дека таа го предала, дека веќе не го сака и дека сака да се омажи со Салвадор. Тоа ќе го мисли се додека не дознае дека таа има амнезија. Тој ќе ја претстави пред децата и сите радосно ќе ја дочекаат. Но по се тоа Сиело/Линда ќе биде многу збунета и нема да знае што да прави.
Сиело полека ќе почне да ја враќа својата меморија. Секако ќе сака повторно да биде со Нико но нема да сака да го повреди Салвадор.
Хуан Круз и корпорацијата ЦЦ
Сиело по нејзиното враќање ќе се сретне со еден нејзин непријател: поранешен Ангел на Еудамон: Хуан Круз. Тој кога бил помлад бил избран да биде Ангел на Еудамон, со што му била доделена мисија. Но при неговото време поминато од другата страна на порталот бил вратен на земјата со мисијата. Тој тоа го сфатил како протерување од островот и затоа станал лош и сака да се врати во Еудамон. Секако како и Сиело Хуан Круз кога се вратил од другата страна на порталот се вратил со моќи. Но во 2001 тој починал но не починала и неговата душа. Тој со неговата душа има способност да користи тела на други луѓе. Подоцна се дознава дека тој 7 години живеел во телото на Салвадор и сеуште живее.
Со пристигнувањето на Хуан Круз во нивните животи Тиаго дознава дека всушност тој е неговиот вистински татко.
Хуан Круз има корпорација наречена ЦЦ. Во неа работи Франка која едно време ќе биде помеѓу Сиело и Нико. Во корпорацијата работи и младо момче наречено Лука, кое ќе се инфилтрира во Волшебниот дом, но потоа ќе стане добар и ќе формира пар со Тефи. Луѓето од корпорацијата ќе ја извлечат Хустина од затвор и ќе ја инфилтрираат во Волшебниот дом. Таа глумејќи ја нејзината роднина Фели ќе го исфрли целото зло од нејзината душа и ќе стане добра личност. Всушност тоа и била мисијата на Сиело: да им помогне на црните души повторно да блеснат, т.е. лошите да ги направи добри.
Книгата со седум катанци
На почетокот на сезоната, додека децата беа во кампот тие пронајдоа една златна книга со седум катанци. Полека, клучевите за катанците ќе почнат да се појавуваат.
Првиот клуч го најде Тиаго кога Тик Так го натера да ја сфати смислата на својот живот.
Вториот клуч го најде Јазмин кога дозна дека всушност тој што и ѓи убил родителите бил нејзиниот чичко.
Третиот клуч го пронајде Тачо кога му прости на својот татко за тоа што го заменил за телевизор кога бил мал.
Четвртиот клуч го пронајде Рама, кога и врати значаен објект на една жена кој и го има украдено под притисок на Бартоломе и Хустина.
Петиот клуч го најде Жека кога ги пронајде своите вистински родители.
Шестиот клуч го пронајде Мар кога се смири со Тефи, нејзината сестра (од иста мајка).
За седмиот клуч ќе прочитате подолу...
Крајот
Дојде финалето на натпреварот Поп Ѕвер на кој учесниците ќе одржат големо шоу. Пред шоуто Јазмин имаше визија како Тиаго паѓа од покривот на една зграда. За време на шоуто, Хуан Круз на покрив на една зграда ќе ги зароби Сиело, Нико, Лука и Тиаго. Бидејќи Тиаго кој е син на Хуан круз не сака да биде негов партнер во сите лоши нешта што ги прави тој, Хуан Круз одлучил да го убие. Тиаго нема навистина да дојде на покривот, туку Сиело со нејзините моќи ќе му направи илузија на Хуан Круз и тој ќе мисли дека го убил Тиаго. Потоа кога сите ќе се вратат во Волшебниот дом заедно ќе успеат да го протераат Хуан Круз од телото на Салвадор. Во тој момент ќе го забележат седмиот клуч од книгата со седум катанци закачен на ланче на вратот на Салвадор. За жал при протерувањето на Хуан Круз од телото на Салвадор, Салвадор ќе умре. Ќе се одржи погребот на Салвадор, а по некое време и свадбата на Нико и Сиело која се оддолжи уште од крајот на првата сезона.
Во последната епизода Нико ќе им соопшти на децата дека Сиело е ангел на Еудамон и дека они се скоро Ангели. Ги имаат сите 7 клучеви на книгата и дека заедно: Мар, Тиаго, Рама, Јазмин, Тачо, Жека, Хустина, Симон, Мелоди, Каридад, Начо, Валерија, Лука и Тефи ќе треба да ја отворат книгата кај фонтаната што се наоѓа пред вилата. Кога ќе ја отворат книгата сите 14мина ќе ги снема.. Оваа приказна продолжува во третата сезона на Ангели..
Крајот на втората сезона + нешто од третата сезона
Можеш да ги слушаш песните, да ги гледаш видео клиповите и да ги видиш текстовите на песните од оваа сезона на Ангели во одделот Музика.
Ангели уште од својот почеток јасно покажа дека е серија за оние веруваат во рајот иако живеат во пеколот, за оние кои никогаш не се откажуваат од своите соништа, за оние кои веруваат дека светот може да биде подобар.
Ангели започна со приказната за групата на тинејџери бездомници кои беа експлотирани во Фондацијата ББ на чело со Бартоломе и Хустина. Со пристигнувањето на Нико и Сиело во фондацијата овие тинејџери почнаа да чекорат кон патот на вракање на нивното достоинство.
Николас Бауер е археолог кој е во потрага на островот Еудамон. Тој дојде во фондацијата со причина да се ожени со Малвина, помалата сестра на Бартоломе.
Сиело, всушност е Анхелес Инчаусти, една млада девојка на која Бартоломе и Хустина и го одземале идентитетот за да го задржат нејзиното богатство од вилата Инчаусти која сега е фондацијата ББ.
Trailer
Сиело со својата музика и Нико со своите соништа ќе им помогнат на експлотираните деца повторно да поверуваат во среќата. Сиело ќе создаде музички бенд со: Тиаго, Мар, Рама, Јазмин и Тачо наречен Teen Angels.
Заедно ќе преживеат различни авантури, романси, ќе се ослободат од канџите на Бартоломе и Хустина, а Нико и Сиело заљубени уште од првото среќавање ќе го дочекаат денот на својата свадба. На тој ден Маркос Ибарлусија, полубрат и најголем непријател на Нико ќе ги киднапира Малвина, Кристобал и мајката на Кристобал Карла. На тој ист ден бендот Teen Angels ќе има голем концерт, и поради тоа нема да знаат што навистина се случува во вилата. Бартоломе излезен од затвор ќе се обиде да ја убие Сиело во кој момент таа ќе го премине порталот, кој го претставува големиот часовник во нејзината соба. Тој е портал до островот Еудамон, до островот на среќата.
Крајот
Во Аргентина искочи книга наречена "Casi Angeles: La Isla de Eudamon" која ја содржи приказната од првата сезона на Ангели. Информации за книгата и како да ја купите online можете да најдете тука.
Улоги:
Сиело (Анхелес Инчаусти) - Emilia Attias
Николас Бауер - Nicolas Vazquez
Бартоломе Бедожа Агуеро - Alejo García Pintos
Хустина Мерарда Гарсија - Julia Calvok
Таа е помошничка на лошиот Баротоломе со кој заедно ги експлотираат децата. Ги тераат да крагат да работат и друго.
Малвина Бедожа Агуеро - Gimena Accardi
Тиаго Бедожа Агуеро - Juan Pedro "Peter" Lanzani
Тој е син на Бартоломе, но не знае што навистина се случува во фондацијата ББ. Незнае дека децата кои живеат таму се експлотирани. Тој ќе биде големата љубов на Мар.
Марианела - Mariana "Lali" Esposito
Таа е една од експлотираните деца. Заедно со Сиело, Тачо, Рама, Јазмин и Тиаго го формира бендот Teen Angels. На прв поглед ќе се заљуби во Тиаго.
Јазмин Ромеро - Maria Eugenia Suarez
Таа е циганка, која во фондацијата ќе ја донесе Рама. При нејзиното доаѓање ќе стане најдобра пријателка со Мар и ќе се заљуби во Тачо.
Рамиро Ордоњез - Gaston Dalmau
Тој живее во фондацијата ББ веќе подолго време заедно со Тачо и Жека. Има помала сестра, а нивната мајка ги напуштила кога биле мали.
Хуан "Тачо" Моралес - Nicolas Riera
Тачо го обожава театарот. Тој ќе биде големата љубов на Јазмин.
Жека - Stefano de Gregorio
Кристобал Бауер - Tomas Ross
Тој е син на Николас Бауер. Но подоцна ќе се дознае дека всушност Нико му е чичко, а вистински татко му е Маркос Ибарлусија, полубратот на Нико кој всушност и е негов најголем непријател.
Алели Ордоњез - Florencia Cagnasso
Алели е помалата сестра на Рама.
Луз Инчаусти - Guadalupe Anton
Луз е помалата сестра на Сиело. Кога Бартоломе и Хустина одлучиле да им ги одземат идентитетите на сестрите за да го задржат богатството, Сиело ја оставиле во шума, а Хустина го измамила Бартоломе и ја задржила Луз, криејќи ја во подрумот од вилата. Таа ја задржила таму лажејќи ја дека горе, на земјата има војна и дека не смее да излегува надвор. Но потоа Жека ќе ја открие, и ќе се дознае дека таа е помалата сестра на Сиело.
Монито - Nazareno Anton
Начо Перез Алсаменди - Augustin Sierra
Начо е најдобриот другар на Тиаго. Тој е богато момче со татко судија.
Тефи Риналди - Candela Vetrano
Тефи во серијата ќе се појави како девојка на Тиаго.
Музиката, видео клиповите и текстовите на песните од оваа сезона можете да ги најдете во оддлеот Музика.
Jake & Blake е ушта една интересна серија продуцирана од Cris Morena.
Во Jake & Blake се работи за два близнаци кои се разделени на раѓањето. Но судбината одлучила тие двајца, Џејк и Блејк повторно да се сретнат. По нивната средба тие одлучуваат да ја искористат нивната физичка сличност за да си ги заменат животите. Џејк да го живее животот на Блејк на некое време, а Блејк на Џејк. Тоа нема да биде воопшто лесно како што тие мислеа бидејќи колку и да се слични однадвор тие се многу различни одвнатре.
Џејк е посветен ученик во последната година од колеџ. Тој е добар математичар, одговорен и шампион по пливање.
А Блејк па, тој е успешна поп ѕвезда, милионер и себичен.
По нивната замена, нив ќе ги чекаат големи предизвици. Џејк ќе мора да ја надмине својата срамежливост, да пее пред голема публика и да го трпи мачењето на фановите на Блејк. Блејк ќе мора да научи да живее како едно нормално момче, да биде посветен студент и несебичен.
Тие ќе имаат две важни девојки во животот. Анита - пријателка на Џејк и Луз - претседател на фан клубот на Блејк.
Замената на Џејк и Блејк ќе им донесе нови авантури, нови доживувања, нови романси со што тие ќе си ја откријат својата вистинска приказна.